Сепак се плаќа

И по речиси 3 месеци војна во Украина политичкото пењавење околу енергетската независност на ЕУ не содејствува со постапките на истата таа Унија, која реши дека сепак не толку проблем што Русите бараат рубљи за своите нафта и гас.

Од 31-ви март кога Русија објави дека ќе прима плаќање за енергенсите само во рубљи, само Полска и Бугарија решија да покажат дека се најголеми Европејци и го отфрлија руското барање, заради што и комплетно им беше исклучен дотокот на гас.

За разлика од нив италијанската Ени веќе отвора сметка во рубљи за да може да ги плати нарачките за гас и истиот да не им биде секнат. Слично се очекува да постапат и германскиот Универ и австрискиот ОМВ.

Ова е возможно заради тоа што вон желбите на ЕУ, во Унијата се уште не постои ниту еден пишан документ кој експлицитно им забранува на компаниите да му плаќаат на Газпром на начин како што тоа беше побарано од нив (Газпром банката да служи како шалтер на кој се менуваат евра во рубљи, кои на крај се уплаќаат на сметката на Газпром).

ЕУ сето ова на нивен најразбирлив јазик го формулираше преку портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, кој го објасни следното:

„Се што е вон отворање на сметка во Газпром банката во валутата од договорот и исплаќање на таа сметка и потоа давање изјава во која се вели дека со тоа ти сметаш дека е извршено плаќањето е прекршување на санкциите.“

19 мај 2022 - 11:11