Најголемата банка во светот тргуваше преку УСБ стик

Целата трговија што ИЦБЦ ја правеше во четвртокот на најголемиот пазар во светот се вршеше преку УСБ стикови кои постојано патувале низ Менхетен.

Американската филијала на Индустриската и комерцијална банка на Кина (Industrial & Commercial Bank of China Ltd.) беше погодена од сајбер-напад, не можеше да заврши бројни трансакции откако институциите и банките одговорни за трансакциите експресно се исклучиле од погодените системи. Ова ја присилило банката работата да ја продолжи испраќајќи УСБ преку курири до најразлични клиенти и институции.

Нападот се претпоставува дека е од Локбит, хакерска група која ја поврзуваат со Русија, која претходно има удрено и на Боинг и британскиот Ројал меил. Заради сајбер-нападот брокери и банки се присилени да ја прерутираат трговијата преку други провајдери.

Централата на ИЦБЦ во Кина веднаш свикала итен состанок со колегите од САД, а се размислува и да се побара помош од кинеското министерство за државна безбедност. Кинеските компании обично не се мета на рансомвер напади бидејќи Пекинг забрани крипто трансакции, што им оневозможува да го платат откупот.

ИЦБЦ е најголемиот глобален кредитор по обемот на својот посед. Тие изминативе месеци се пофалија дека работеле и ја подобриле својата сајбер-безбедност.

Нападот се случува во време кога американската Комисија за хартии од вредност и берзи, размислува за воведување на централен клиринг, кој е функционира како посредник меѓу купувачите и продавачите.

10 ноември 2023 - 15:04