Калифорнија опколена со преполни нафтени танкери кои немаат каде да истоварат

Танкерите кои моментално дремат околу брегот на Калифорнија носат доволно нафта за да покријат 20% од светската потрошувачка.

Се работи за над 30 танкери кои периодов служат како пловечки складови за вишокот што го произведуваат американските нафтени компании.

На танкерите што пловат околу западниот брег на САД има над 20 милиони барели сурова нафта што според Кплер САС, системот за следење на танкерски сообраќај, е повеќе од кога и да е во историјата. Уште еден рекорд е што тие ја надминале границата од 7 дена во место со полни резервоари.

Крахот на потрошувачката на гориво во САД предизвикана од коронавирусот ја начека неподготвена американската нафтена индустрија која не можеше соодветно да одреагира и да го намали производството на нафта на исто ниво како што беше намалена побарувачката, заради што вишокот мораше да се складира. Откако сите капацитети за складирање беа пополнети, производителите мораа да почнат да им плаќаат на компании за да ја преземат нивната нафта, со што цената на нафтата за прв пат во историјата стана негативна.               

23 април 2020 - 11:49