До јуни 2022, нафтата се качува на 120 долари за барел

Во истиот правец во кој тргна цената на јагленот и природниот гас, се движи и цената на нафтата а очекувањата Банката на Америка се дека таа ќе стигне до 120 долари, и сето ова го објаснуваат како последица на борбата против загадувањето.

Производителите на нафта рамнодушно порачуваат дека побарувачката ја надминува залихата на нафта, а тоа е затоа што зелената агенда ги намалила инвестициите во нови извори на нафта што влијае на светските резерви.

Сето ова се комплицира и од зголемената побарувачка по други нафтени производи (пример авионско гориво) и ограничениот капацитет на светските рафинерии.

Заради зголемената цена на природниот гас и јагленот, дел од потрошувачите се решаваат на алтернатива како што е нафтата, што дополнително ја крева цената.

Во ваква држ-не дај ситуација меѓу нафташите, зеленашите и пазарот, трговците со нафта без проблем предвидуваат враќањето на цената на нафтата на 100 долари за барел, додека аналитичарите на Банката на Америка ја креваат границата на 120 долари за барел, што е околу 50% повисоко отколку денешната цена.

Во средата американската сирова нафта се продаваше за 81 долар за барел.

И покрај ваквите предвидувања, ОПЕК го одби барањето за зголемување на производството на нафта, бидејќи „нема интерес да ја симне нафтата под 60 долари за барел.“ Сомнежот е дека по години опаѓачки инвестиции во индустријата, ОПЕК не ни може значително да го зголеми производството за да ја смири цената.

5 ноември 2021 - 10:18