Полиција упадна во канцелариите на бугарскиот претседател

Бугарската полиција придружувана со претставници од тамошното обвинителство и бирото за заштита на сведоци, утрово упадна и изврши претрес во канцелариите на тамошното претседателство.

Претресот е дозволен со налог на судија од софискиот воен окружен суд и специјалниот суд. Упадот започнува во 9 часот наутро, а Радев се појавува во претседателските канцеларии некаде околу 11:30.

БНР ја пренесува изјавата на главниот јавен обвинител, Иван Гешев, според кој претресот во канцелариите на претседателството, конкретно на канцелариите на двајца негови советници, Милушев за одбрана и Узунов за антикорупција, се поврзани со две актуелни истраги.

Во исто време БТВ пренесуваат дека Узунов бил приведен во близина на Пловдив, наводно по обвинение за вршење притисок за време на избори.

9 јули 2020 - 12:26