- Вечерва во белградска „Арена“ се спрема голем спектакл. Партизан го пречекува грчки Олимпијакос во 32. коло од Евролига и единствено со триумф ќе ги сочува пристојните шанси за пласман во плеј-ин како разигрување за плејофот.
- Познато е дека натпреварите на Партизан и Црвена звезда се магнет за многу луѓе од светот поради неверојатната атмосфера на нивните натпревари. Овојпат гости ќе им бидат и прославените кошаркари Тони Кукоч и Дино Раѓа.
- Во Белград ќе има и премиера на документарецот за Кукоч од босанскиот коментатор Сабахудин Топалбечиревиќ. „Неколку пати напоменав дека Партизан на градот Белград му носи многу приходи од ноќевања, сместување и друго од странците“, пред неколку дена изјави Жељко Обрадовиќ кој додаде дека му е исклучително драго што ќе има шанса да ги нагости Кукоч и Раѓа „со кои играл во репрезентацијата и против кои играл како играч на Партизан додека тие биле во Југопластика“.
- Уште еден немил настан се случи во македонскиот спорт откако синоќа по крајот на мечот меѓу МЗТ Скопје и КК Пелистер, автобусот кој ги превезувал навивачите од Битола, пред излезот од Скопје бил брутално каменуван.
- Повредени биле неколку лица, инцидентот се случил по 22:00 часот. КК Пелистер преку соопштение изјави дека „се згрозени од инцидентот и го осудуваат истиот кој го доживеале навивачите од Битола „Чкембари“.
- „Се прашуваме зошто веќе по којзнае кој пат се случуваат вакви и слични инциденти кога гостуваат битолските навивачи на натпревари во кошарка, ракомет и фудбал?“, велат од битолскиот прволигаш.
- МЗТ Скопје славеше 82:77 и стигна до првата победа во финалната серија против Пелистер. Вториот натпревар се игра исто во Скопје, за три дена.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.