- Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на претстојниот турнир во Мадрид кој ќе се игра од 24-ти април до 5-ти мај. Ѓоковиќ има три пехари од овој Мастерс во Мадрид а таму не играше ниту лани.
- Последен пат Ѓоковиќ играше во Мадрид во 2022-ра кога испадна во полуфинале од Карлос Алкараз.
- Новак Ѓоковиќ сезонава играше на Отвореното првенство на Австралија, во Индијан Велс и во Монако и секаде беше елиминиран пред завршните борби. Следен турнир на кој Новак треба да се појави е Мастерсот во Рим кој се игра од 8-ми до 19-ти мај.
- Уште еден немил настан се случи во македонскиот спорт откако синоќа по крајот на мечот меѓу МЗТ Скопје и КК Пелистер, автобусот кој ги превезувал навивачите од Битола, пред излезот од Скопје бил брутално каменуван.
- Повредени биле неколку лица, инцидентот се случил по 22:00 часот. КК Пелистер преку соопштение изјави дека „се згрозени од инцидентот и го осудуваат истиот кој го доживеале навивачите од Битола „Чкембари“.
- „Се прашуваме зошто веќе по којзнае кој пат се случуваат вакви и слични инциденти кога гостуваат битолските навивачи на натпревари во кошарка, ракомет и фудбал?“, велат од битолскиот прволигаш.
- МЗТ Скопје славеше 82:77 и стигна до првата победа во финалната серија против Пелистер. Вториот натпревар се игра исто во Скопје, за три дена.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.