- Денес се навршуваат 4 години од смртта на Мирослав Гајиќ, попознат како Миша Тумбас, најпознатиот навивач на Партизан. Спореден лик од белградското секојдневие кој никој не го знаеше, а го знаеја сите.
- Според некои градски легенди, тој живеел сам, многу сиромашно и бедно, а љубовта кон Партизан ја докажуваше од коло во коло, во сите спортови, од мечување, преку одбојка, ракомет, ватерполо, фудбал, па до куглање, карате, рагби и бокс.
- Тој е единствениот навивач на Партизан кој предизвикуваше огромна почит кај навивачите на Црвена звезда. Скромен, со кесичка во раце, присуствуваше на многу градски дерби дуели. Го сакаа и едните и другите. Ги обединуваше и смируваше со својата необична појава и груб глас кога ќе викнеше: „Циганииииииии“.
- Уште еден немил настан се случи во македонскиот спорт откако синоќа по крајот на мечот меѓу МЗТ Скопје и КК Пелистер, автобусот кој ги превезувал навивачите од Битола, пред излезот од Скопје бил брутално каменуван.
- Повредени биле неколку лица, инцидентот се случил по 22:00 часот. КК Пелистер преку соопштение изјави дека „се згрозени од инцидентот и го осудуваат истиот кој го доживеале навивачите од Битола „Чкембари“.
- „Се прашуваме зошто веќе по којзнае кој пат се случуваат вакви и слични инциденти кога гостуваат битолските навивачи на натпревари во кошарка, ракомет и фудбал?“, велат од битолскиот прволигаш.
- МЗТ Скопје славеше 82:77 и стигна до првата победа во финалната серија против Пелистер. Вториот натпревар се игра исто во Скопје, за три дена.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.