Партија на кариерата на Тајрис Макси кој ја спаси Филаделфија од елиминација

Публиката во Медисон Сквер Гарден остана без радост, но и без зборови од перформансот на Макси кој не дозволи Њујорк Никс да стане првиот полуфиналист на Истокот.

Филаделфија 76 го доби Њујорк на гости со 112:106 и намали на 3:2 во голема и неизвесна битка која се решаваше во продолженија.

Заслугите одат кај Тајрис Макси кој експлодираше со 46 поени и поентираше во клучните моменти од натпреварот.

Никси имаа +6 на половина минути до крајот и кога се чинеше дека тоа ќе биде победа за конечни 4:1 во серијата, на сцена стапи Макси со две луди тројки по ред за израмнување и продолженија.

Ембид оствари трипл-дабл од 19 поени, 16 скока и 10 асистенции, а кај Њујорк најпрецизен беше Џејлен Брансон со 40 поени. 

Во Источната конференција сè уште нема полуфиналисти. На 3:2 намали и Милвоки против Индијана, а Кливленд поведе со 3:2 против Орландо. Бостон - Мајами е 3:1.