Вардар - Динамо Загреб 1982

Налетавме на преубаво парче фудбалска носталгија. Дуел меѓу Вардар и Динамо во април 1982-ра година во Скопје. Соблекувални со постери од голи женски, физиотерапевти, загревање, сè по пропис. Некој би рекол и подобро од денес.

Кочо Димитровски, Пепи Георгиевски, Банковиќ, Тасевски, Мицевски и другите предводени од Часлав Божиновски против Млинариќ, Цицо Крањчар, Драгичевиќ, Паниќ, предводени од Мирослав Чиро Блажевиќ.

 

30 април 2024 - 14:21