- Заработка од 100.000 долари годишно те става многу над просечното американско семејство кое во 2021 заработувало 74.784 долари годишно. Стануваш повисока класа, но причината што овие луѓе заработуваат, а им се чини дека живеат од први до први е затоа што не знаат да ги организираат парите.
- Дел од причините се и студентските кредити (има начини да ги отплатат), живеат во големи и скапи градови и на крај - инфлација.
- Има начини големите примања навистина да ти изгледаат како големи примања: научи да штедиш, не купувај кола со првото покачување и освести се каде сè ти одат парите.
- Ни се заканува нешто што се вика кафе-апокалипса. Некои истражувања покажуваат дека климатските промени влијаат на места каде што се одгледува кафе и дека до 2050, ќе има помалку од половина од залихите што ги имаме сега.
- Жешките температури ги прават растенијата поранливи на штетници и други закани. Во исто време, сè повеќе се бара кафе во светот.
- Во обид да се одложи ова, има научници што работат на нови, поиздржливи зрна, што би нè спасиле од овие проблеми - растат клетки од кафе во лабораторија, наместо на дрва. Други бараат замени и одржливи состојки, а додаваат кофеин, заради ефектот.
- Во дистопискиот расказ на Џ. Г. Балард, „Градината на времето“ кој беше инспирација за дрес-кодот оваа година, супер-богатите се кријат во луксуз, додека „небањатите“ креваат бунт. Така малку непријатно, како за тема за најголемиот моден настан во годината.
- Темата е избрана пригодно за изложбата на Институтот за костими Заспани убавици: Одново будење на модата, што е истражување на многу парчиња од архивите на Мет кои се станати премногу нежни за носење. Сега се реанимирани со технологија, ВИ и аудио и служат како метафора за фрагилноста на модата и како начин да се испитаат цикличните теми на преродувањето и обновувањето.
- Јавноста се фокусираше на метафоричната значајност на расказот, истакнувајќи го пак неговото истражување на тенденцијата на човештвото кон циклуси на создавање и уништување. И има некаква вистина во ова, но како намерно да игнорираат поочигледна поента - ова е расказ каде што последниот бастион на богатите ќе го прегази толпа од работничката класа.
- Која и да е причината, има една иронија во тоа да се влече инспирација токму овој расказ на Мет Гала.