- Тешко е да се поверува дека Рим, колевката на цивилизацијата што и ден денес воодушевува со печатот што го има оставено на историјата, би имал одвратно, ама одвратно решение за одење во тоалет.
- Прво, тоалетите биле заеднички - да, разубавени со мурали по ѕидови и скулптури и - со мермерни плочи во кои биле исечени дупки. Да си седиш во преполна отворена просторија и да си „вршиш работа“ било сосема нормално.
- Фала богу, седиштата биле поставени над канал по кој течела вода, па барем не се задржувало тоа на едно место.
- Но! Немало нели, тоалетна хартија, па се користел сунѓер, прицврстен за столб - се мокрел во каналот, па се бришеле со него. Понекогаш, се чувал во кофа со солена вода и оцет.
- Ако остана еден што не му е гадно, тогаш да поентираме - сунѓерот бил заеднички. За сите.
- Ни се заканува нешто што се вика кафе-апокалипса. Некои истражувања покажуваат дека климатските промени влијаат на места каде што се одгледува кафе и дека до 2050, ќе има помалку од половина од залихите што ги имаме сега.
- Жешките температури ги прават растенијата поранливи на штетници и други закани. Во исто време, сè повеќе се бара кафе во светот.
- Во обид да се одложи ова, има научници што работат на нови, поиздржливи зрна, што би нè спасиле од овие проблеми - растат клетки од кафе во лабораторија, наместо на дрва. Други бараат замени и одржливи состојки, а додаваат кофеин, заради ефектот.
- Во дистопискиот расказ на Џ. Г. Балард, „Градината на времето“ кој беше инспирација за дрес-кодот оваа година, супер-богатите се кријат во луксуз, додека „небањатите“ креваат бунт. Така малку непријатно, како за тема за најголемиот моден настан во годината.
- Темата е избрана пригодно за изложбата на Институтот за костими Заспани убавици: Одново будење на модата, што е истражување на многу парчиња од архивите на Мет кои се станати премногу нежни за носење. Сега се реанимирани со технологија, ВИ и аудио и служат како метафора за фрагилноста на модата и како начин да се испитаат цикличните теми на преродувањето и обновувањето.
- Јавноста се фокусираше на метафоричната значајност на расказот, истакнувајќи го пак неговото истражување на тенденцијата на човештвото кон циклуси на создавање и уништување. И има некаква вистина во ова, но како намерно да игнорираат поочигледна поента - ова е расказ каде што последниот бастион на богатите ќе го прегази толпа од работничката класа.
- Која и да е причината, има една иронија во тоа да се влече инспирација токму овој расказ на Мет Гала.