- Ракел Велч имаше само три реплики како Лоана во филмот Милион години п.н.е од 1966 - и беа доволни за да стане сеприсутен секс-симбол за кој радо си спомнуваа мажи родени од ‘40-те наваму. Феминистичката критичарка, Камил Паглиа ја опишува како „лавица - опасна, страствена и опасно физичка“. Улогата на Лоана претходно ја има одбиено Урсула Андрес, колешка по шетање по бикини.
- Без разлика на идејата на јавноста за Ракел Велч. таа подоцна покажува способност за комедија, како Констанс, мажената шивачка на француската кралица, вљубена во Д‘Артањан на Мајкл Јорк во филмот „Тројцата мускетари“ во режија на Ричард Лестер. Доби и Златен глобус за улогата.
- Има кажано: „Го експлатирав тоа што сум секс-симбол и ме експлоатираа како секс-симбол. Не дека не бев среќна со етикетата на секс-божица, не бев среќна со начинот на кој некои луѓе пробуваа да ги отфрлат и потценат работите што ги правев професионално. Но од јавноста тоа не го почувствував.“
- Последен филм ѝ е How to Be a Latin Lover (2017).
- Џо-Ракел Техада, родена на 5 септември, 1940, почина на 15 февруари, 2023.
- Ни се заканува нешто што се вика кафе-апокалипса. Некои истражувања покажуваат дека климатските промени влијаат на места каде што се одгледува кафе и дека до 2050, ќе има помалку од половина од залихите што ги имаме сега.
- Жешките температури ги прават растенијата поранливи на штетници и други закани. Во исто време, сè повеќе се бара кафе во светот.
- Во обид да се одложи ова, има научници што работат на нови, поиздржливи зрна, што би нè спасиле од овие проблеми - растат клетки од кафе во лабораторија, наместо на дрва. Други бараат замени и одржливи состојки, а додаваат кофеин, заради ефектот.
- Во дистопискиот расказ на Џ. Г. Балард, „Градината на времето“ кој беше инспирација за дрес-кодот оваа година, супер-богатите се кријат во луксуз, додека „небањатите“ креваат бунт. Така малку непријатно, како за тема за најголемиот моден настан во годината.
- Темата е избрана пригодно за изложбата на Институтот за костими Заспани убавици: Одново будење на модата, што е истражување на многу парчиња од архивите на Мет кои се станати премногу нежни за носење. Сега се реанимирани со технологија, ВИ и аудио и служат како метафора за фрагилноста на модата и како начин да се испитаат цикличните теми на преродувањето и обновувањето.
- Јавноста се фокусираше на метафоричната значајност на расказот, истакнувајќи го пак неговото истражување на тенденцијата на човештвото кон циклуси на создавање и уништување. И има некаква вистина во ова, но како намерно да игнорираат поочигледна поента - ова е расказ каде што последниот бастион на богатите ќе го прегази толпа од работничката класа.
- Која и да е причината, има една иронија во тоа да се влече инспирација токму овој расказ на Мет Гала.