„Љубов во топка“ - нова книга за деца на Ана Јовковска
8 април 2024
- „Љубов во топка“ е најновата, седма книга на Ана Јовковска, нејзина втора илустрирана книга за деца, повторно во издание на „Едиција светулка“. Промоцијата е закажана за 11 април (четврток), во 19 часот, во културниот центар „Јадро“.
- Илустрациите се на Иванка НиБа. Промотор е Владимир Мартиновски. Тоа е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.
- Во интервју за „Нова Македонија“, Јовковска за мотивацијата позади книгата вели: „Живееме во грубо време, во свет што е преокупиран со профит, работа и заработувачка, напредок, технологија. Сето тоа го стеснува просторот за блискост меѓу луѓето и децата и времето за игра. Многу дразби, многу информации, многу шум, а малку суштинска комуникација и смисла. Посакувам децата да имаат можност да учат од нас возрасните дека треба да пораснат во емпатични и одговорни граѓани.“