Не многу голема победа, ама мерачка

Предмет: авокадо, богот на веганската исхрана. Тема: има веројатност дека авокадото не е веганско.

Проблемот не е ниту измислен ниту наметнат од страна на бездушните месојади, туку доаѓа од веганскиот канон според кој строгите вегани не консумираат мед, затоа што веганството „сака да ја исклучи не само суровоста, туку и експлоатацијата“, основа која ги опфаќа и пчелите.

Каква врска ова има со авокадото? Страшно голема. На авокадото му се неопходни пчели за опрашување на дрвцата, а во систематското одгледување авокадо ова се постигнува со транспорт на цели колонии пчели во плантажите  насадени со оваа култура.

Прекршувањето на веганските заповеди е во тоа што транспортот на пчелите за вакви потреби штетно влијае на нивното здравје и животен век.

Истото ова важи и за бадеми.

Сето ова отвора посериозни проблеми за веганите од тоа дали е експлоатација и искористување ако говедо влече кола од која се расфрла ѓубриво за зеленчукот; до што е со експлоатација и искористувањето на мигранти и непријавени работници кои низ цел свет работат на нивите со зеленчук или во овоштарниците.

 

17 октомври 2018 - 11:15