Новата книга за Трамп ќе стане ТВ серија

Ендевор контент ги откупи правата неодамна објавениот бестселер Оган и гнев, во кој новинарот Мајкл Вулф го раскажува своето сведоштво на првата година од мандатот на Трамп.

Наводно правата се продадени за 7-цифрена сума, а се уште не се знае за која телевизиска мрежа ќе биде изработена серијата. Авторот ќе биде и извршен продуцент на серијата.

Кога беше најавена во ноември книгата доби прилично мало внимание. Меѓутоа на почетокот од месецов, на неколку дена пред нејзиното објавување Гардијан објави вести кои се базираа на книгата, Њујоркер објави извадоци, а Холивуд репортер колумна од Мајкл Вулф околу пишувањето на книгата, што ја претвори Оган и гнев во инстанта сензација. Кон сето ова помогна и што Трамп ја нападна и книгата и авторот и Стив Бенон, кој е еден од главните извори на Вулф. Како поледица на коментарите во книгата, Бенон го напушти и Бреитбарт.

Откако Белата куќа се обиде да го спречи издавањето на книгата, издавачот одлучи да го премести датумот на објавување од 9-ти на 5-ти јануари.

Оган и гнев дебитира на прво место на листата на Њујорк тајмс, со 1,4 милиони нарачани книги (од кои 700.000 испорачани) и уште 250.000 симнати како е-книги и 100.000 како аудио-книги.

18 јануари 2018 - 11:05