Агонијата на работење во Њујорк тајмс

Од доаѓањето на Трамп на власт Њујорк тајмс ги живее едни од најславните моменти во својата историја. Освен што стана столб на свесноста и новинарството, Тајмс успева да собере и 130.000 нови дигитални претплатници месечно. Проблемот е што славните моменти никако да се префрлат врз внатрешното функционирање на весникот.

Моментално Тајмс минува низ уште еден круг на преструктуирање и средување на односот меѓу желбите и можностите. Како и во секој претходен случај, и сега ова значи скратување на трошоците.

Последниот план се состои од две главни точки: отпуштање на вработени (со исплаќање) и нова просторна организација на весникот, по која вработени од досегашната распосланост на 20 катови сега ќе мора да се стиснат на само 12, а останатите 8 катови во зградата на Менхетен ќе бидат дадени за изнајмување, како дополнителен извор на приходи за весникот што треба да надомести дел загубите од падот на бројот на печатени реклами.

Еден од уредниците на Тајмс за Ванити феир изјавува: "Ситуацијата во весникот е отровна на начин што го немам видено последниве 15 години".

Главни на удар ќе бидат редакторите на Тајмс, т.нр. чувари и спроведувачи на стандардот на Тајмс. Од моменталните 109 редактори, преку кои минува секој можен текст што ќе се појави весникот, со реорганизацијата ќе бидат отпуштени речиси половина. Нивната работа дополнително ќе биде изменета со тоа што наместо сегашниот сектор на редактори на ниво на весник, секоја од редакциите (политика, култура, спорт...) ќе добие сопствени редактори.

Редакторите и до сега беа прилично разлутени од заклучоците на една внатрешна студија на Тајмс од јануари, во која се вели: "секоја сторија остава чувство на пожарникарски хидрант - кој се предава од куче на куче, и никој не може да го пушти без да смени неколку зборови."

Освен редакторите, ниту еден друг оддел нема нешто посебно да се менува, освен ситни нијанси,  а бројот од 1.300 вработени ќе остане горе-долу ист.

Освен отпуштањето од работа, напнатост во весникот создава и архитектонскиот дел од реорганизацијата, и отстапувањето на 8 катови, по што вработените ќе мора да се приберат на помал простор, а ќе следува и кратење на сите приватните канцелари, освен на осум највисоки уредници на Тајмс.

На заминување, еден од досегашните редактори во криптична порака накитена со метафори на колегите што остануваат во Тајмс им порачува: "Таа секоја недела става нов кармин... денес ќе прави Фејсбук лајв од Конвенција на Фиџет спинери. Вчера имаше видео од 360 степени од лов на Покемон гоу (спонзорирано од Самсунг). Таа е видена и на Снепчет. А во последните очајни обиди да биде прифатена од млада публика таа ќе оди на отстранување на неколку слоеви. Совет до кој сака да слушне: пазете си го грбот - таа повеќе не е лојална како што беше. Сега извинете ме додека исчезнувам".

26 јули 2017 - 13:55