Нема подобар неоригинал Самсунг од Шаасуивг

Потребно е посебно ниво на храброст и крајна игнорантност кон адвокати и тужби за да градиш бренд базиран на лажно Самсунг лого. Сето ова за сега го поседува Шаасуивг.

Новиот и претходно комплетно непознат бренд се појави на кинеската он-лајн продавница Пиндуодуо, и покрај понуди како 55-инчен 4К телевизор за 57 долари, она што е најневеројатно околу него е логото, кое изгледа вака:

Иако ни приближно слично по изговор, Шаасуивг со помош на креативна употреба на растојание меѓу букви и мало мутирање на фонтот, има лого кое на прв поглед е идентично со она на Самсунг.

Самиот Пиндуодуо, кој пред некое време излезе и на американската берза со почетна вредност од над 23 милијарди долари, е озлогласен по бројот и обемот на фалсификати што ги има на понуда. Копиите се до толку проблем на сајтот, што Блумберг објавува дека кинеските власти подготвуваат истрага околу сите наводни фејкови што таму се продаваат.

13 август 2018 - 16:44