Гугл го следи твоето движење, сакал ти или не

Ако мислиш дека Гугл престанал да те следи само затоа што така си му рекол и си исклучил „Location history“ на телефонот има многу да се изненадиш.

Нова истрага на Асошиејтед прес открива дека тоа што ти е исклучена историјата на локации никако не му смета на Гугл бидејќи тој константно ти води есап каде си без разлика дали преку Гугл мапс, апдејти на апликации за временска прогноза или пребарување во твојот браусер. И ова важи и за луѓе со Андроид и со Ајфон.

Собирањето податоци од страна на Гугл се случува и покрај тоа што Гугл нагласува дека откако еднаш ќе ја исклучиш историјата на локации „местата кои ги посетуваш повеќе не се зачувуваат. Кога ќе ја исклучиш историјата на локации преку твојата Гугл сметка, таа е исклучена за сите твои уреди поврзани со таа Гугл сметка.“

Истрагата на Асошиејтед прес покажува дека гасењето само го спречува Гугл да создаде и да ти прикаже временски линија на локации што си ги посетувал, но не и да ги запишува и чува истите податоци.

„На пример Гугл зачувува податоци каде си дури и кога само ќе ги отвориш Гугл мапс. Автоматскиот апдејт на временската прогноза на Андроид телефони покажува отприлика каде се наоѓаш. Некои пребарувања кои немаат никаква врска со локацијата, како ’чоколадни колачиња’ или ’детски играчки’ ја утврдуваат твојата точна латитуда и логнитуда - прецизна до квадратна стапка - и ја зачуваат во твојата Гугл сметка,“ се објаснува во истрагата на АП.

Има решението за проблемот но тоа само по себе не е очигледно за стандарден корисник, па Вајард има упатство за неколку уреди.

Преку веб-браусер на кој било компјутер / мекинтош:

- Се најавуваш на твојата Гугл сметка (https://myaccount.google.com)

- Под „Personal info & privacy“ најдолу кликаш на „Go to My Activity

- На новата страна во менито од лево избираш „Activity controls“, по што те префрла на нова страна каде што треба да го исклучиш подесувањето „Web & App Activity

- Ова е од корист само ако претходно имаш исклучено (паузирано) Location History. Ако немаш, таа опција ти е веднаш под Web & App Activity блокот.

Преку Андроид смартфон:

- Settings > Google settings > Google Account > Data & personalization > Web & App Activity и тука го паузираш.

14 август 2018 - 15:23