За добар нигериски преварант, нема лош затвор

Додека е на отслужување на 24-годишна затворска казна за интернет измами, Хоуп Олусегун Ароке беше фатен како спроведува мега-измама на интернет. Во моментот на откривање тој од ќелија направил најмалку 1 милион долари од лажење луѓе на интернет.

Истрагата на нигериските власти открила дека човекот кој лежи 2,5 децениска затворска казна заради интернет измами се уште има пристап до интернет и телефон во затворот во Лагос.

Освен тоа истрагата околу Ароке покажала дека тој додека ја лежи казната успеал да добие дозвола да биде примен во полициската болница во Лагос за непознат здравствен проблем, по што ја напуштил болницата за да престојува во хотели, да се среќава со сопругата и децата, и да присуствува на друштвени настани.

Извештајот продолжува со: тој го користи измисленото име Акинвунми Соринмаде за отворање на две банкарски сметки и купување луксузно возило и куќи/станови додека е во затвор.

Ароке е сместен во Кирики затворот со максимална безбедност. Од затворот уште не ги коментираат резултатите од истрагата.

20 ноември 2019 - 14:02