Што прочитаа британските парламентарци за она што го направија во Либија?

Британскиот парламентарен совет со петгодишна дистанца го имаше обелоденето извештајот во кој конкретно се наведува она што на многумина им беше јасно уште во 2011 година: дека оправдувањата за интервенцијата беа булшит, а таа беше изведена на основа на погрешни претпоставки што ја дефинира како странска воена агресија врз таа јадна земја. Ќе читаме заедно британски официјални документи?

Во резимето на извештајот се наведува следново:

Во март 2011, Британија и Франција со поддршка од САД ја поведоа меѓународната заедница да даде поддршка за интервенција во Либија со цел да се заштитат цивилите од нападите на силите лојални на Моамер Гадафи. Оваа одлука немаше точни разузнавачки информации. Конкретно, властите не успеаја да идентификуваат дека заканите кон цивилите се пренапумпани и дека кај бунтовниците има значајни исламистички елементи.

До летото 2011, ограничената интервенција за заштита на цивили се претвори во опортунистичка промена на режимот. Таа политика не беше придружена од стратегија за обликување на Либија после Гадафи. Резултатот беше политички и економски колапс, борба меѓу милитанти и племиња, хуманитарна и мигрантска криза, широко кршење на човековите права, дистрибуција на оружјето на режимот на Гадафи низ цел регион и јакнење на ИСИС на северот на Африка.

Имајќи можност за донесување одлука во британскиот совет за национална сигурност, поранешниот премиер Дејвид Камерон е одговорен за неуспехот да се изработи доследна стратегија за Либија.

Гледајќи напред, ОН успеа да испреговара формација на инклузивна Влада на национално единство (ГНА). Стабилна влада е клучен услов за решавање на моменталната либиска хуманитарна, мигрантска, економска и безбедносна криза.. Но, регионалните актери ја поткопуваат ГНА, го заобиколуваат ембаргото за оружје на ОН и ги користат милитантните како проксија. Либија би можела да потоне бо општа граѓанска војна која ќе се води за контрола на териториите и нафтените ресурси. Меѓународната заедница мора да ги поддржи ОН и либискиот народ и да застане зад ГНА. Алтернативата е политичка фрагментација, насилство, економскиот колапс и дополнителни човечки страдања“.

Целиот извештај  (Либија: Анализа на интервенцијата и колапсот и идните опции на британската политика) - тука 

20 април 2018 - 14:39