Кратка е раката на државјанството

Почитувајќи ги нормите на својата вера и родна земја, Алжирка одбива да се ракува со службеникот кој ѝ го предава новото француско државјанство. Франција ѝ порачува: Така во Алжир, не овде.

Обичајот во Алжир е: жена не смее да се ракува со непознат маж.
Обичајот во Франција е: да се ракуваш со службеникот кога ти дава државјанство.

Проблем, за неа.

Апелационен суд во Франција ја потврди одлуката на властите за одбивање на државјанство на неименувана жена од Алжир која не сакала да се ракува со службеното лице кое ѝ го предавало документот.

Случајот на суд го носи таа, тврдејќи дека се работи за дискриминација и злоупотреба на власта. Таа вели дека нејзините религиозни убедувања ѝ забрануваат да се ракува со непознати мажи но државата проценила дека нејзиниот гест е знак за „недоволна асимилираност во француската заедница“.

Мажена е за Француз од 2010 година а пред две години одбила да му пушти рака на службеникот кој ѝ го предавал документот за нејзиното ново државјанство по што тоа ѝ бива повлечено а сега и потврдено со судска одлука.

Во 2016 година и едни локални власти во Швајцарија наложија двајца муслимански ученици да мораат да се ракуваат со нивната учителка или да се соочат со соодветни консеквенци на нивниот верски инает.

21 април 2018 - 20:49