И вие да си дочекате толкава фактура за данок

Пред некој ден во САД се пријави добитникот на џекпотот од 768 милиони долари. Човекот е од Висконсин, има 24 години и сега ќе треба да плати данок.

Прво и многу важно, по негова лична желба, добитникот овие 768 милиони нема ни да ги види затоа што решил да оди на еднократна исплата на 50% од сумата.

Со кратењето на 50% на добитникот Мануел Франко му остануваат 477 милиони долари.

Од овие пари, 114,5 милиони нема ни да му минат низ прсти на Франко, туку директ одат во буџетот на САД како федерален данок.

Со платен данок на Франко му остануваат околу 362 милиони долари. Сега доаѓа ред на тамошното УЈП кое на крајот на годината ќе го почести Франко со дополнителна фактура за данок, по друга основа, која ќе скине уште 62 милиони од добивката.

На крај од редот е сојузната држава Висконсин, која башка ќе го даночи Франко со уште 7,65%, што на неговите пари изнесува сума од 36,5 милиони долари.

На крај, вкупниот цех што Франко го платил кон САД изнесува 213 милиони долари. Фактура по фактура, од 768-те милиони долари пишани на добитното ливче, Франко дома ќе однесе чисти околу 264 милиони долари.

Како што рековме, и вие да си дочекате да имате за што да плаќате толкав данок.   

25 април 2019 - 17:26