Кога Грците беа црнци

Една вест од Омаха, Небраска, пред едно 110 години, вели дека анти-грчки немири го вознемириле градот. Расистичките немири се вообичаени за тоа време, но првенствено против црнечката популација (повеќе за тоа во романот и филмот "Регтајм"). Само што, населенито на Омаха и не правело голема разлика меѓу Грци и црнци.

На 21 февруари 1909 година, во Јужна Омаха, Небраска, илјадници грчки имигрантски семејства биле принудени да ги напуштат своите домови во грчките квартови на градот, откако толпата „домородни“ белци тргнале да ги тепаат и да им ги палат куќите и дуќаните.

Оваа епизода е една од најгрдите поглавја во американската историја на нетрпеливост во која една цела заедница луѓе, повеќето од нив штотуку дојдени во земјата, биле таргетирани заради нивното етничко потекло.

Наспроти раширеното уверување дека грчката имиграција била пречекана со отворени раце и брзо станала дел од ткивото на американскиот начин на живот, родените Американци не само што мислеле дека Грците им ги земаат „американските работни места“ туку и дека грчкото однесување е племенско, кланско, опасно, неморално и не-американско.

На настаните им претходи апсење на еден Грк кој бил фатен во друштво со „бела“ жена, а при неговото приведување во станица, дошло до крвава пресметка меѓу Гркот и офицерот кој го уапсил која имала фатален исход.

Кога за ова се разбрало во градот, луѓето збеснале и следува хаос и тотално безредие со штети од десетици милиони долари во уништен имот а цела етничка заедница исчезнува и се расфрла по околните планински градови, преку ноќ бегајќи од своите домови за да си ги спасат животите.

Њујорк тајмс пишува дека 3.000 „Американци“ влегуваат во грчките квартови на Јужна Омаха и почнуваат со претепување на Грци и нивните жени и деца, палејќи сè зад себе.

Омаха дејли њус, правдајќи го протерувањето и егзодусот пишува:

„Нивните квартови се нехигиенски, тие луѓе навредуваат жени... Како стада се собираат во големи куќи и живеат евтино. Грците се закана и опасност за американскиот работник.“

Веста за анти-грчките немири во Јужна Омаха брзо се проширува низ цела држава. Од 17 репрезентативни весници од тоа време, 11 ја објавуваат веста на своите насловни страници што предизвикува нови бранови анти-грчки расположенија и судири како овој во Канзас:

Ќе испадне дека протерувањето на Македонците од Грција, проблемот со името и сите пизде материне со хеленизмот и опседнатоста со антиката, се всушност обид на Грците да докажат дека се бели.

 

22 февруари 2019 - 12:41