Филип Морис, животно осигурување за непушачи

Симболот на тобако индустријата, Филип Морис, продолжува со стратегијата да станат главна опозиција на самите себе (подобро сам да си направиш опозиција отколку таа неконтролирано да се создава, што „службите“ многу добро го знаат). Сега влегуваат во бизнисот со животно осигурување и нудат попуст на оние кои се откажале од (ординари) пушење.

Осигурителната гранка им се вика Ревити, ја покренаа во Британија и планираат да ја шират по светот. Пушачите ќе добиваат попуст ако престанат, се откажат или се префрлат на помалку штетни алтернативи, како што е, на пример, нивниот IQOS (види: Кај што има дим, има и дивиденда)

Луѓето кои ќе се префрлат на е-цигари, во просек  ќе добијат 2,5% попуст на премиите, но затоа за оние кои три месеци ќе се префрлат на IQOS, попустот ќе бидат за 25% поевтини. Година дена на IQOS носи попуст од 50%.

„Овој потег е добар и за јавното здравје и за акционерите на Филип Морис. Бидејќи овие продукти не се цигари, акционерите имаат финансиски бенефити заради помалите даноци и акцизни давачки, така што мислиме дека правецот во кој сме тргнати е вин-вин. Што побргу се тргнеме од цигарите, толку подобро за сите нас,“ вели ЦЕО-то на Филип Морис, Андре Каланѕопулос.

Ете, такво време дојде.

**********

повеќе на темата

24 април 2019 - 08:35