Деби настапите на Кире на СП 1999 во Египет со коментар на Калински

Внимание дечки, имаме легенардно видео парче за гледање од првиот Мундијал на македонската ракометна репрезентација во земјата каде ќе патува и денес. На него се стокмени на едно место головите од големата ѕвезда во најава која тука има само 19 години.

Македонија дебитираше на Светското првенство 1999 со победа против Саудиска Арабија од 28:21, а потоа ги загуби сите преостанати мечеви од Германија, Куба, Бразил и Египет.

Лидер на таа генерација ракометари беше Пепи Манасков, а првата мундијалска шанса ја доби и младиот Кире кој се покажа со 1 гол против Саудиска Арабија, 1 против Бразил и 8 на последниот меч против домаќинот Египет. Уживајте во овие антологиски снимки со незаменливиот Калински кој на последниот гол вели вака:

„Браво јуниор, тоа е нашата иднина. Треба да му се даде поголема шанса на Кире Лазаров. Се докажа во тешки натпревари на Пелистер“.

Пази се докажал на тешки натпревари на 19 години.

13 јануари 2021 - 12:20