Најлудите секунди во историјата на Баерн Минхен

На 19 мај 2001 година, пред точно 19 години, во германската елитна лига се одиграа најлудачките последни секунди во борбата за титулата. Таква драма немало во Бундеслига, ни порано ни подоцна.

Во германската Бундеслига во изминатите 57 години од основањето, паднале повеќе од 50.000 голови после кои некој станувал херој, некој трагичар. Ама еден момент, посебно ќе се памети уште долго.

Во последното коло од сезоната 2000/2001 Баерн Минхен имаше 3 бода повеќе од вториот Шалке 04 кој пак имаше подобра гол-разлика.

Баварците, кои ја бранеа титулата под водство на Отмар Хицфилд и веќе беа пласирани во финалето на Лига на шампиони (четири дена подоцна), требаа само да освојат бод во Хамбург и да се радуваат на трета титула по ред, 16-та вкупно тогаш. Во тоа последно 34 коло Шалке имаше подобра гол разлика и за титула им требаше Баерн да изгуби а тие да освојат три бода.

Во исто време на „Паркштадион“ во Гелзенкирхен Шалке прописно се намачи со СпВгг Унтерахинг. Во еден момент аспирантот за титула губеше со 2-3 но со експресните голови на Јорг Беме (2) и Ебе Санд во 89' минута веќе имаа предност од 5-3. И чекаа вести од Хамбург.

А таму...

Лудница!

Легендарниот Босанско-херцеговински центарфор Сергеј Барбарез во 90-та минута со глава по центаршутот на Марек Хајнц му носи сензационална предност на Хамбург од 1-0 на „Волкшпаркштадион“.

Кога слушнале во Гелзенкирхен настанал пандемиум. Шалке беше на секунди од првата титула после 1958-ма година! По голот на Барбарез дури и коментаторот во преносот урлал „Шампион на Германија за 2001-ва е... Шалке 04!!“

Клупата на Баерн се држеше за глава, им се вратија духовите од финалето со Манчестер Јунајтед 1999 на „Камп Ноу“. И тогаш, доаѓа најлудиот момент во клупската историја на Баерн и општо германската Бундеслига.

Во трета минута од судиското продолжение, голманот на Хамбург Матијас Шобер фати една вратена топка со раце и Баерн доби индиректен внатре од шеснаесетникот. Последни секунди, последна шанса. Во Шалке се молат само топката да се одбие што подалеку.

Доаѓа и грубиот Оливер Кан да ја притиска одбраната на Хамбург.

Крај топката се мести Швеѓанецот Патрик Андерсон кој постигна само еден гол во кариерата за Баерн. Еден ама највреден:

19 мај 2020 - 09:22