Само во Белград ли да се лета?

Во еден скорешен напад на футуристичка епифанија, Александар Вучиќ најави дека до 2027-ма година во Србија ќе има летечки автомобили и таксија. Некои пакосно реагираа со предлог прво да смислат начин како на автобусите за јавен превоз да не им испаѓаат тркалата, ама оваа советничка (мислиме дека е Лесковац), сака нејзиниот град навреме да го фати „возот.“ Така е кога ќе летне пилето. 

Женска инкарнација на Данило Бата Стојковиќ

Или ние сме подзабегале или само ни недостасува Бата (Маратонци, Ко то тамо пева, Грлом у јагоде...), тоа глумчиште кое градеше неповторливи архетипски ликови од Балканот, ама женава неодоливо нè потсети на неговиот Човоровиќ од Балкански шпион. Оди мирно, навидувам си гледа своја работа, ама само затоа што никој не ја прашал за ништо. А кога ќе ја прашаш, ете го Бата, ете ја Сека!

Никој не е изненаден од ништо

Дури не се прекине синџирот на негување на правосудни функционери кои се слуги на сите господари, нема што да зборуваме за реформи во правосудството! Правдата треба да се врати во рацете на праведните!

А им се смееја на пензионерите во Лидл

Во еден шопинг мол во Нови Сад деновиве се отвораше нова парфимерија (Сефора-Србија). На првите 100 купувачи им било ветено дека ќе добијат некое тестерче или друго поклонче. Само да ја видите гужвата на напредните генерации кои не можеа да се начудат на гужвите на старите гагаџии во Лидл. Внатре било стампедо, хоас и грабање од раце.