Како што некои либерали почнаа да сфаќаат изминативе денови дека претседател што има секс со приправничка во Белата куќа е многу лоша работа која не треба да е тргната на страна, така конзервативните коментатори тврдат дека ваквиот тајминг е крајно погоден за Демократите кои ги отфрлаат Клинтонови откако повеќе не им требаат. Ова не е точно. Тајмингот е убедливо непријатен.

Еден индиски комичар прави цел документарец за тоа како му било тешко што цел живот го следела сенката на ликот Апу, дуќанџијата од Симпсонови, бидејќи маалските го викале така и му го имитирале акцентот. Друг Индиец му враќа дека Апу е вистински американски херој и дека токму ваквите размислувања се смрт за креативноста. 

Аргументот „среќата не е во парите“ ќе го оставиме да се објасни со „полесно е да плачеш во Ауди отколку на точак“, во меѓувреме овие што имаат пари пресметале дека ти требаат најмалку 100 милиони долари за стварно да се чувствуваш богат.

Американската национална академија на науки објавува обемно истражување за тоа што може да се направи за американското земјоделство да престане да предизвикува климатски промени, а притоа да не се влијае штетно на здравјето на популацијата. Главен заклучок, ако сите свртат на веганство би се случила катастрофа.

За да го заштити јавното добро, безбедност и морал, државата треба да ги одвраќа жените да одат топлес, реши американскиот федерален суд со што криењето на женските гради го направи поважно од целиот слободарски корпус кој е заштитен со првиот амандман од американскиот устав.

Проценките се дека во даночни засолништа се чуваат меѓу 21 илјада и 31 илјада милијарди долари, што е некаде колку обемот на американската и јапонската економија заедно. Доколку се собере данокот што го избегнуваат богатите, тој ќе покрие најголем дел од годишниот дефицит на секоја од земјите на Г7.

Сликата Salvator Mundi (Спасител на светот) на која главна улога има Вирд Ал Јанкович (шала,шала) на аукција отиде за фрапантни 450 милиони долари. На таа пара, станува небитно дали е тоа навистина Да Винчи или не..  

Елон Маск новиот Тесла роудстер го претстави како „најбрзиот сериски произведуван автомобил што некогаш е направен“ и тоа со бројки како 1,9 секунди од 0 до 100. За споредба, Тесла Модел С П100Д во „Ludicrous mode“ од 0 до 100 развива за 2,5 секунди.

Кога новинарката на Њујоркер ја носат во посета на „воениот штаб“ на 24-от кат од зградата на Зидојче цајтунг, неколку дена по објавувањето на Рајските документи, прво нешто што и кажуваат е дека таму е забрането какво било фотографирање.

Во скандал приреден од тамошната железница кој уште долги години ќе остави длабок траг во јапонското национално ткиво, цела држава на свои плеќи треба да го носи срамот на еден воз што тргнал 20 секунди порано од станица.

Може и претходно сте го чуле ова, ама Мозила го направи Фајрфокс како што треба. Седнаа, од корен го преработија својот браусер и го лансираа Фајрфокс 57 односно Фајрфокс Квантум. И браусерот стварно везе.

Зоната на одгледување опиум во југословенското кралство зафаќа 14.000 хектари во 40 општини на Повардарие. Македонскиот опиум благодарение на погодното тло и речните наноси бил меѓу најквалитетните во светот бидејќи содржел 14-16% морфиум. Колку за споредба, кинескиот имал вкупно 3 до 5 проценти морфиум.