29.000 дански доктори го прогласија обрежувањето за "етички неприфатливо"

Не само што Данците се чудат зошто воопшто некој би сакал да му отсече дел од пенисот на новородено дете, туку 87% од Данците се за легална забрана "на не-терапевтско обрежување на момчиња под 18 години". Од неодамна плус на сето ова се уште 29.000 доктори од Данска.

На исто мислење со Данците се и останатите скандинавски земји, како и сите западни држави, освен една, кои го сметаат обрежувањето без медицински повод како спротивно на Хипократовата заклетва (во делот дека не треба да повредуваш луѓе), а освен тоа се коси и со Декларацијата на Обединетите нации за правата на децата.

Оваа една држава, исклучокот меѓу западниот свет, се Соединетите Американски Држави, "чии федерални здравствени власти и националните асоцијации на педијатри, семејни доктори и уролози ги поддржуваат и изведуваат овие медицински непотребни операции."

"Отсекувањето на дел од кожата на пенисот на здрави новороденчиња е најчестата хируршка процедура во Соединетите држави - и е индустрија од неколку стотици милиони долари," пишува доктор Мортен Фриш за Хафингтон Пост.

Глобално неколку медицински здруженија имаат објавено политики и препораки кои се спротивни на распространетиот став во САД дека обрежување новороденчиња е безопасно, и дека е корисно за здравјето.

"Всушност, ниту една медицинска асоцијација во целиот свет не препорачува обрежување на здрави момчиња," објаснува Фриш.

Во дебатата Фриш објаснува дека треба да е јасно дека кај необрежените машки е можно да се јават проблемите и инфекциите за кои предупредуваат американските доктори, меѓутоа тоа е толку ретка појава што е неразумно цела машка популација да минува хируршки зафати за спорадични случаи, кои во најголем дел секако може да се излечат.

Последните статистики од студија од 2016, се дека околу 1 во 200 не оперирани момчиња пред 18 години ќе имаат здравствен проблем за кој ќе биде потребно обрежување.

14 јануари 2017 - 17:32