Кога наш судија ќе пофали дилер на дрога?

„Тоа со што се занимаваш не е најдобриот бизнис ама бизнис моделот ти е добар“, му рекол американски судија на дилер на метамфетамини охрабрувајќи го да проба да ги искористи своите очигледни бизнис таленти за нешто добро.

Врховен судија во Квинсленд отворено го пофалил бизнис моделот по кој еден млад, 20 годишен дилер на дрога ги водел своите операции за дистрибуирање метамфетамини.

Тоа го сторил откако во судскиот процес се открило дека дилерот навистина го водел илегалниот бизнис по сите принципи на модерно работење: давал упатства околу цените, наплаќал разумна камата за долгови, давал попусти или враќал пари кога клиентите имале поплаки. Истовремено нудел и помошни алатки, рекламирал „производ со врвен квалитет“ а редовно одржувал и она што во учебниците за претприемништво се вика „состаноци за бизнис стратегија“.

Судијата го репнал три години затвор меѓутоа веднаш го помилувал охрабрувајќи го да ги искористи своите бизнис таленти за некоја добра кауза.

27 април 2017 - 11:49