За слободата во дигиталното бачило

Австралиски сенатор предупредува на орвелијанските последици од креирање централизиран дигитален идентификатор за граѓаните кој ќе содржи податоци за секое нивно движење, трошење или однесување. Имаме во доста наврати пишувано на оваа тема и стравот никако да ни помине. „Сакаш бургер? Не дечко, јаглероднииот отпечаток за овој месец ти е во црвено. Имаме брокула за тебе“. Хорор. 

Животот само што не се сменил за секој Австралијанец. Колку и сенаторот Галагер да сака да го минимизира значењето на воведувањето на единствен централизиран дигитален идентификатор за секој граѓанин, реалноста е дека ова е најважната правна регулатива која јас ја имам видено во мојата работа во Сенатот. 

Тоа е лепакот кој ја држи агендата за дигитална контрола со која секој Австралијанец ќе биде контролиран во бачилото, користен а и задушен кога ќе почне да зборува нешто контра.

Овој закон ќе биде злоупотребен затоа што е напишан за да биде злоупотребен!

Владата знае дека дигиталниот број за идентификација ќе биде задолжителен за да може да се контролира пристапот кон државните услуги, банкарските сервиси, патувањето со авион и поголемите набавки на секој граѓанин на Австралија кој ќе нема дигитална лична карта.

Дигиталниот ИД ќе создаде огромна база на податоци „во живо“ за вашето движење, купуванки, сметки, соработници и нив ќе ги има владата, како прв чекор во една поширока агенда.

Оние што го слушаат ова дома, можеби се прашуваат како поединец може да избегне да биде уловен во оваа мрежа на податоци и надгледување.

Едноставниот одговор е: не можете.

Владата знае дека контролата ќе биде користена од неа за да ги идентификува луѓето кои кажуваат злобни работи на социјалните медиуми, за да ја забрзаат примената на новите закони... Можете да очекувате наскоро да ви тропнат на врата од дома или работа, како што тоа веќе се случува во земји кои имаат воведено дигитален ИД.

*******

Види и:

Краток излет во „зајачката дупка“

Не вртете, давајте веќе еднаш тоа чипот

 

1 април 2024 - 16:53