Таг: сојузници

Саудиска Арабија ги врати западните сојузници

Во последните неколку месеци од мандатот на Обама во кои тој инсистираше неговата надворешна политика да остави финален впечаток на принципиелност, многу западни земји ги оладија односите со Саудиска Арабија. Лека- полека, сега сите се враќаат во стариот, удобен и нафатиран со пари скут на саудиската кралска фамилија. 

Кога САД слегна со рамења на 1.000 жртви

Пред точно десет години, во долината Фергана во Узбекистан, маса народ се собра за да протестира заради апсења и насилство од државната полиција. Властите тогаш убиле најмалку 1.000 луѓе - но бројката не е баш јасна, затоа што тогашнaта американска врхушка на чело со Доналд Рамсфелд се спротивставила на истрагата. Причина: Узбекистан им бил партнер во борбата против тероризмот.

Европа и нејзините стари навики

Во име на мирот во Украина Запад неодамна потпиша договор со Путин. Во име на мирот Европа потпиша и во 1938-ма, кога на Хитлер му понуди делови од Чехословачка.