Таг: македонска ракометна репрезентација

ЕХФ со специјално видео: Чудото во Скопје

Европската куќа на ракометот скоцка убаво видео од прекрасниот перформанс на македонската ракометна репрезентација, која и одржа час по ракомет на Фарски Острови. Го нарекоа историски пресврт и го именуваат како „Чудото во Скопје“.

Фешта за паметење во соблекувална

Тој што ја отпиша оваа ракометна селекција на Македонија многу погреши, бидејќи момците на Кире Лазаров покажаа карактер и страшен мотив за игра. На поразот од 34:27, на реваншот против Фарски Острови возвратија со 34:26. Одиме на деветто Светско првенство. Еуфоричното славје е заслужено.

Последната акција на Македонија и голот на Пешевски со кој го потврди Светското

На 30 секунди до крај, Македонија имаше предност од +8, односно резултат за Светско, но и напад кој го искористи за да постигне брз гол. Фарски Острови немаше време да возврати со два и погоди за конечни 34:26.

Фарски Острови се изгубија во Борис Трајковски, Македонија оди на Светско

Македонската ракометна репрезентација одигра херојски во бараж мечот за СП и успеа да го анулира високиот пораз од Фарски Острови од 7 гола. Никогаш не ја отпишувајте Македонија.

Дебакл на Македонија, кладилниците беа во право

Светското ракометно првенство 2025-та стана тешко достижно за избраниците на Кире Лазаров. Ќе им треба победа на реваншот од 8 гола разлика.

Како изгледа патот на Македонија до осмото Европско во низа?

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за новиот квалификациски циклус за ЕП 2026. Лазаров е задоволен од ждрепката, но смета дека на треба да се потценат двете селекции против кои треба да ја оправдаме фаворитската улога.

Македонија на баражот за СП доби непосакуван противник

„Неатрактивна ракометна селекција, но многу квалитетна“ е дел од коментарот на селекторот Кире Лазаров во врска со денешната ждрепка за Мундијалот 2025.

Последните 75 секунди од драмата во Берлин

Неизвесноста во второто полувреме кое ја направија Швајцарците после негатива од 5 гола, ни го крена адреналинот како во старите добри времиња. Но при нерешен резултат, на нешто повеќе од една минута, финишот беше каков што можевме само да посакаме. Гол на Јагуриновски за водство, одбрана на Томовски која им ја фати жива, инструкции на Кире и уште еден гол на Митев за точка на мечот. Машки одиграно дечки.

Македонија е убедливо прва на ЕП по број на загубени топки

Со почеток од 18 часот, македонската ракометна репрезентација против Швајцарија го игра третиот и последен меч на тешката европска авантура во Германија. Статистиката вели дека мора да се игра со поголема концентрација и претпазливост.

„Немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња“

Македонските навивачи се соочиле со неочекуван проблем пред влезот на „Мерцедес Бенц Арена“ во очи на мечот против Германија. Знамињата со 16 краци им ги одземале на врата. Информацијата ја сподели еден од нашите најверни навивачи, Наце Митев кој им испрати порака на домаќините и кој успеал да внесе едно.

Германија брзо и лесно ја скроти Македонија

Македонската ракометна репрезентација очекувано загуби од големиот фаворит и домаќин на Европско ракометно првенство. Со 20 технички грешки е невозможен поинаков епилог. Четврто големо натпреварување во низа не поминуваме групна фаза.

Како ракометарите се релаксираа во воз за Берлин?

Експедицијата предводена од Кире Лазаров патуваше на релација Дизелдорф - Берлин, каде ги продолжува настапите на ЕП 2024, а за време на патот долг 560км, се играа карти, се решаваа крстозбори, се слушаше музика...Во недела од 20:30 не чека нова тешка битка против домаќинот Германија.

Фото на денот

53.586 гледачи го следеле отворањето на Европското ракометно првенство меѓу Македонија и Франција во „Меркур шпил арена“, што е апсолутен рекорд за еден ракометен натпревар. Со оваа мега посетеност, срушен е рекордот од мечот меѓу Рајн Некар Левен и Хамбург, одигран во „Комерцбанк арена“ во Франкфурт 2014-та во рамките на Бундеслигата.

Ракометната бајка во Србија кога Македонија стана петта европска сила

Ако на младите надежи на Кире Лазаров им треба дополнителна мотивација за големиот настан во Германија, им најдовме видео кое се гледа во еден здив.

Ракометарите заминаа за Стара Пазова со хитот „Македонија“

Македонската ракометна репрезентација во следните 10 дена за ЕП 2024 ќе се подготвува во Стара Пазова, Војводина. Предизвикот е тежок, потребна е дополнителна мотивација, а тоа е големиот хит на Дадо Топиќ. Во група сме со Германија, Франција и Швајцарија, а стартуваме против Французите на 10 јануари.

Си знаат јунаците како се викаме

Кадетите на Македонија го остварија најголемиот успех во историјата на машкиот ракомет во својата категорија. На Светското во Хрватска ја совладаа четвртата европска сила Унгарија и се изборија за дуел за 9 место. Избраниците на Раде Стојановиќ направија педантна корекција на името на државата на автобусот кој го добија од организаторот.

Македонија го реши Луксембург и е речиси пласирана на ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога против Луксембург на гости и само пораз дома со двоцифрена предност од Турција може да им го расипе патот до следниот континентален шампипонат.

Солиден настап на децата на Кире, Македонија достојно загуби од Португалија

Македонската ракометна репрезентација живна после очајното Светско и со добра игра, на моменти со осцилации, му пружи голем отпор на фаворитот Португалија во третото квалификациско коло за ЕП 2024.

Како една ваква велесила како Данска капитулираше во Борис Трајковски?

Чуден е понекогаш спортот. Особено ако знае дека Данска стана првата репрезентација во историјата на ракометот која врза три мундијалски титули. А неодамна загуби од Македонија, на дебито на Кире како играч/селектор. Пет гола на Талески.

И што ако поднесе Кире оставка? Како ќе се реши проблемот?

Еден твит на Бошко Караџа ме замисли и ме испровоцира да седнам на тастатура, иако после тоа вчера тешко се седнува и срочува рационален текст. А впрочем и кој би знаел што е сега најпаметно? Ај ќе пробаме со факти.

Мундијалот на ракометарите во 16 секунди

Ако треба да избереме една акција која ја отсликува организацијата на македонската ракометна репрезентација во напад и одбрана, тогаш ова е таа.

Лазаров: Верував во порази ама не вака со двоцифрена разлика

Македонската ракометна репрезентација за прв пат ги губи сите три натпревари на Светско, а за загриженоста да биде поголема со три порази го завршивме и Европското минатиот јануари. Кире Лазаров смета дека можеби ова е нашата реалност.