Стефан Ристовски доби жестоки прозивки од навивачите на Ријека

Динамо Загреб имаше слаба сезона сè до моментот кога почнаа да бележат добри резултати а кулминацијата на нивната форма беше победата после пресврт на гости кај најголемиот ривал Ријека. Домаќините воделе 1-0 со голот на Марко Пјаца од пенал во 49-та минута а Динамо Загреб направил пресврт и победил 1-2 со погодоци на Бруно Петковиќ во 75-та и Арбер Хоџа во 89-та минута.

Со оваа победа Динамо Загреб се одлепи на табелата и како прв има 75 бода а Ријека има 71.

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски одигра цел меч за Динамо Загреб но бил навредуван од навивачите на Ријека чиј член беше во историската сезона 2016/2017 кога овој клуб освои двојна круна.

Во таа 2017-та Ристовски изјавуваше голема љубов кон Ријека, а навивачите го ценеа најмногу од сите соиграчи поради неговата голема пожртвуваност. Наводно Ристовски дури и го истетовирал шампионскиот пехар освоен со Ријека.

Но кариерата подоцна, во февруари 2021-ва го одведе во големиот ривал на Ријека, Динамо Загреб. Навивачите ова не му го простија и при секоја наредна средба го навредуваа од трибините.

Ристовски и сега бил навредуван и исвиркуван при секој контакт со топката, а му ја пуцеле и мајката која Стефан неодамна ја изгуби.

На својот Инстаграм профил Ристовски после мечот напишал: „Не ве мразам, но изгубив почит за вас“.

Некогашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација на пречекот во Загреб доцна вечерта држел запалена бакља во рацете и пеел навредливи песни против Ријека како скандирањето „Бит че Ријека ку**ац шампион“ што го пеел и во 2017-та на сметка на Динамо Загреб.

Навивачите на Ријека во текот на мечот му извадиле парола со натпис: „Риле, а што ќе беше она Динамо“?

6 мај 2024 - 09:09