Мостарска навивачка рапсодија

Навивачката сцена во Мостар со децении имала јасни правила и се знаело до каде може да се оди поради осетливоста на етничките прашања. Ривалитетот меѓу приврзаниците на Зрињски (клуб поддржан претежно од хрватската заедница) и Вележ Мостар (клуб за кој навиваат претежно муслиманите во градот) секогаш носел тензични но дефинирани односи. Сега во само неколку дена се случиле претумбации како никогаш претходно.

Пред неколку дена, поточно на 7-ми април прво навивачите на Вележ Red Army објавија дека ги одзеле речиси сите знамиња на противничката навивачка група Ултрас. Јавно се пофалија и со денови регионот се исмеваше со Ултрасите.

Овие се правдале дека целата акција бил организиран грабеж и немало никаква допирна точка со навивачка акција. И решиле да вратат на идентичен начин. Отишле неколку лица до станот кој го изнајмувале навивачите на Вележ кои со цел памет на едно место ги чувале буквално сите нивни знамиња, а ги чувал само еден дечко.

Им ги одземале сите до еден, а објавено е и видео од акцијата:

Во навивачкиот свет постои непишано правило и кодекс дека штом на една група жаргонски ѝ падне знамето, таа престанува да постои и се гаси, или во спротивно треба да одземе повеќе ривалски знамиња ако сака да опстане на сцената.

Во меѓувреме медиумите од БиХ објавија и дека теренот на стадионот „Роѓени“ на кој игра Вележ Мостар бил полеан со киселина и оштетен. Истрагата покажала дека најверојатно киселина била истурена со дрон.

Теренот на Вележ важел за еден од најодржаните во земјата.

7 мај 2024 - 10:39