МВП - Никола Јокиќ повторно избран за најдобар играч во НБА лигата

Лидерот на шампионот Денвер Нагетс Никола Јокиќ ја доби МВП наградата по трет пат во својата кариера со што влезе во редот на најдобрите во историјата на НБА лигата. Никола го добива трофејот „Мајкл Џордан“ како најдобар играч во регуларниот дел од сезоната.

Откако во 2020/2021 и во 2021/2023 го доби признанието, Јокиќ сега и за сезонава 2023/2024 повторно е избран за играч број еден во целата лига.

Србинот е во НБА веќе девет години а стана само деветтиот играч во историјата на лигата со три или повеќе МВП награди. На вечната листа им се придружи на Карим Абдул-Џабар (шест МВП признанија), Мајкл Џордан (пет МВП признанија), Бил Расел (пет), Вилт Чемберлен (четири), Леброн Џејмс (четири), Лери Бирд (три), Меџик Џонсон (три) и Мозес Мелоун (три).

Јокиќ стана само втор играч во историјата на НБА со најмалку 2.000 постигнати поени, 900 скока и 700 асистенции во сезона со што се израмни со легендарниот Оскар Робертсон (1961/192).

Во регуларниот дел од сезоната Јокиќ просечно бележеше по 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции по натпреваро со 58,3% шут од игра и 35,9% за три поени.

Сомборецот шест пати учествуваше на Ол-Стар натпревар, стана шампион на НБА лигата и МВП на финалето. Тој е еден од ретките што на мошне убедлив начин стигна до наградата. Јокиќ имаше 79 гласа за прво место, Шеј-Гилџус Александер 15 гласа за прво место а Лука Дончиќ четири гласа за прво место. На крајот Никола имаше вкупно 926 поени, Шеј-Гилџес Александер 640 и 566 поени за Дончиќ.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до две први места на Западот две сезони по ред. Нагетс го израмни рекордот со домашна непобедливост, а завршуваа и во Топ10 екипи по најдобра одбрана и напад за првпат во ерата на Јокиќ. 

9 мај 2024 - 08:26