Хариевото проклетство - Баерн првпат после 12 години без ниеден трофеј

Најтажниот фудбалер во Европа синоќа доживеа очај: Хари Кејн минути го делеа од ново европско финале на Лига на шампиони откако веќе загуби едно. Не успеа поради голмански кикс и пресврт на Реал Мадрид во последните мигови од мечот.

Баерн Минхен е гигант кој пред почетокот на секоја сезона има цел да ги освои сите трофеи во сите натпреварувања каде игра. Баварците синоќа за првпат после цели 12 години отпаднаа од игра и од последниот турнир каде имаа шанса за пехар.

Германскиот клуб во 2012 не освоил ништо, а од тогаш наваму за цели 11 години освоил дури 29 пехари!

Токму кога Хари Кејн, фантастичниот англиски репрезентативец дојде во клубот, Баерн остана без ниту еден пехар. Тоа само ги зголеми интернет галамите за проклетството на Хари кој со Англија играше финале на Европско првенство 2021 на „Вембли“ дома во Лондон, водеше но на крај изгуби на пенали.

Хари Кејн долги години беше најдобар центарфор и најдобар стрелец во Премиер лига но сето тоа беше залудно затоа што не освои ниту една шампионска титула со Тотенхем Хотспур. А стигна дури до големо финале на Лига на шампиони кога Ливерпул беше подобар во Мадрид со 2-0 во сè-англиското дерби.

Има и две изгубени финалиња на англиски Лига Куп.

Сјајниот шпиц реши да замине во Баерн Минхен за богат трансфер со цел да освои некој трофеј но тоа, макар во првата сезона не му успеа. Ниту во Бундеслига, ниту во германски Куп каде испаднаа од третолигаш, ниту во Лига на шампиони.

На страна тоа, Хари Кејн одигра неверојатна сезона со страшни 44 гола на 44 меча во сите натпреварувања! И 8 асистенции.

9 мај 2024 - 10:05