Новиот германски шампион ја продолжи нареалната серија без пораз и стигна до 47 средби без изгубен натпревар во сите турнири од старт на сезонава. Баер Леверкузен е на чекор од големото финале на Лига Европа во Даблин, а најзаслужни за тоа се чудесниот Флоријан Вирц кој во 28’ минута го отвори резултатот:
Wirtz = 4 goals, 4 assists in the #UEL so far this season 🥵 pic.twitter.com/mi2zao8BUT
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) May 2, 2024
И Роберт Андрич постигна еврогол од преку 25 метри во 73’ минута:
Реваншот Баер Леверкузен - Рома е на 9-ти мај.
Во второто полуфинале, Аталанта поведе 0-1 преку нивниот најдобар играч сезонава Џанлука Скамака во 11’ минута, а само десет минути подоцна Чансел Мбемба израмни на 1:1. Со тој резултат заврши натпреварот па финалистот ќе се бара во Бергамо за една недела.