Била фасцинирана од брзина уште од четиринаесетгодишна возраст - тогаш го имала првиот мотор. Оваа пасија ја довела до високо образование кое кулминирало во диплома и магистратура во областа на механичкиот инженеринг.
Во март, 1941, Шилинг се справила со животозагрозувачки проблем што го имале пилотите за време на битките во Франција и Британија во 1940. Кралските пилоти се соочувале со сериозни проблеми со борбените авиони опремени со мотори од Ролс Ројс. Со мал, но посветен тим, Шилинг успева да осмисли генијално решение - едноставен бакарен напрсток со дупка во центарот, вметнат во карбураторот, што ги решил сите проблеми со застој во моторите за време на војната.
За неа има книга на Амазон - A Dame with Determination, со повеќе детали за нејзиниот живот, раскажани од нејзиното семејство.