Балканштина

Коалициски усогласувања

Класична сообраќајна тепачка илити road rage, што би рекле Енглезите. Излезени од кола, изнервирани од некоја сообраќајна ситуација, двајцата убедени дека се во право, фрчат боксови, шамари и клоци, главно во празно пошто сè тоа аматерски. За да го сфатите нашиот наслов, ќе треба до крај да ја одгледате тепачката.  

Сахарски хеви-метал

За среќа, последната сахарска прашина која деновиве ја имавме над глава не се струполи врз нас со дожд оти полесно ќе беше ако цела Железара ни падне на глава. Во последниот таков дожд, балкански лаборатории имаа откриено фрапантни количини свашта. Литиум, арсен, железо, бакар, бариум, алуминиум, бор и... кажете драгичка - осиромашен ураниум. Од каде па ураниум во дожд од Сахара? Прашајте ги Французите. 

Апдејт за Лепи

Не џабе викаат, кога врне - истура. Пред некој ден налетавме на Лепи како проблематичен мурал/фото тапет во сараевски апартман. Тоа неизбежно нè натера да се потсетиме на неговиот првенец на Оффнет од пред седум години. И додека уште ја певуцкаме “Иза облака“ (која има стапка на заразност поголема од ковид), меѓу два рефрена, ни стигнува биографски апдејт. Ќе видите, прекарот сè посмешно му стои.

Судир на цивилизациии

Една стара јавна рчка меѓу Слаѓана Милошевиќ (RIP) и Саша Поповиќ, оној кој почна како хармоникаш кој беше јаван од Лепа Брена за подоцна да стане медиумски могул и прв човек на злосторничкото здружение Ѕвезде Гранда. Слаѓана никогаш немаше проблем да каже некому в лице што мисли за него а Поповиќ тоа го протолкува онолку колку што му се сече - дека ѝ е криво.   

Лекции по маркетинг од видовитата Смиљка

Стандардно за нејзиниот свет, Смиљка само од смрт не лечи а портфолиото на нејзини услуги е импозантно: ја претскажува иднината, лечи од алкохолизам, шизофренија и лудило (редоследот веројатно е важен), ги пинга мртвите, ги ГПС-ира исчезнатите, изгубените предмети... Но, настрана содржината на нејзиниот сервис, сакаме да ви покажеме колку таа понуда е срочена по сите адвертајзинг/продажни стандарди.

Има и вакви доктори

Оние што поправаат уши и нос, нека платат и дебело, ама мене ми е несфатливо на некој кому му е неопходна мојата медицинска помош, прво да видам дали има да плати, вели кардиохирургот Драган Милиќ од нишкиот клинички центар. Тоа е онаа клиника на која, за да ги намалат листите на чекање, и лекари и сестри работеа без надокнада и за време на викенди.

Мира Алексиќ - Жена фатална

„Мира Алексиќ“ звучи како нешто што е предодредено да стане певаљка. Не бегајќи од ваквата своја судба, Мира Алексиќ ја опева својата еманципација, од фазата „родила сум му ќерку и сина и служила као веш машина“до „жена фатална“ (нејасно како дошла до тој заклучок). А оној нејзиниот копук, освен што Мира слушнала дека кова клинки наоколу (што не е потврдено), попи ММА шамар само затоа што најде влакно. Перо Деформеро? Нервозни поштар? Да.   

Само некој да зуцнал дека ова не е генијално

Илон Маск ги прави оние ракетине што можат да се вратат назад, Кинезине имаат 3Д принтер кој прави компплетна функционална куќа за само три дена, Јапонцине растураат со IoT (Internet of Things). Каде е Балканот? Дали Тесла беше последниот генијалец кој излезе од овие простори за да го осветли светот? Не. Сега кога светот е осветлен, тој треба малку и да се задими.

Секој со своите проблеми

За момент да ве потсетиме на феноменалните Астерикс и Обеликс и на волшебниот напиток кој го подготвуваше Гетафикс од кој Галите стануваа непобедливи. Легендата велеше дека дебелиот Обеликс како мал има паднато во казан со магичниот напиток па не мора да ја обновува дозата. Имаме човек кој има паднато во малку поинаков казан, со вијагра.

Земја на слободни прашања

Александар Вучиќ и неговите се во вечна во војна со Н1 и Нова (и обратно). Од тие причини, новинар на Н1 го прашува последниот градоначалник на Белград, СНС-овецот Александар Шапиќ дали воопшто смее да му постави прашање. - Се разбира дека може, Србија е слободна земја, одговара Шапиќ и потоа сериозно го сослушува. Прашањето е малку подолго, ама вреди да се дојде до крајот, заради одговорот на поранешниот ватерполист.

Шокантна верзија за смртта на Лане Гутовиќ

Шармантниот и умен Лане Гутовиќ почина на респиратор, во екот на пандемијата. Неговата најстара ќерка решaва да сподели што се случувало таа среда. Надлежната сестра ѝ рекла дека тој ден нема посети а и во каква состојба е татко ѝ, подобро да не го види таков. Но, истиот тој ден, сестрата внесува кај него две лица кои не се во сродство со Лане и сега тие се сведоци на неговиот тестамент. Има и трет сведок, самата сестра. Па није ваљда??  

Ѓинѓиќ ни странците не го слушаа за Косово

Потпорните балвани на кои почива српскиот наратив за Косово, на Ѓинѓиќ му имаат доделено трајна улога на предавник. Не ќе да е така и имаме пишувано за тоа (ќе ве потсетиме). Но Ѓинѓиќ не ја вразумуваше само домашната јаност и ѝ предочуваше да внимава што посакува, туку пробуваше и на странците да им предочи каква опасна врата отвораат со нивната авантура за независно Косово. Џабе.