Мрсна хронологија

„Палата на задоволствата" и „кршач на бубрези"

Петел, свирче, стап, Стојко, путка, круша - ова се само некои од изразите за полови органи во нашиот фолклор. Сепак прилично скромно во однос на обемниот список кој го составил лексикографот Џонатон Грин (Јоnathon Green).

За Грин велат дека е еден од најпознатите британски лексикографи, особено познат по речниците на жаргон, неологизми и „валкани" зборови во англискиот, кои ги објавува последниве триесет години, заради што го нарекуваат г-дин Сленг.

Неговата најнова креација е тајмлајн на зборови за машки и женски гениталии, која започнува од 1230 (!). Погледнете ги првите тука, а вторите тука. Метафорите, споредбите и другите стилски фигури се толку богати што човек понекогаш заборава за што всушност чита.

Дали некогаш сте Ја опишувале како „централна канцеларија", „вечна рана", „олтарот на Адам", „торба со желе" или „омнибус"? Дали за Него сте помислиле како за „шармер", „засладувач", „ќелав испосник" или „семејниот орган"? Хронолошкиот след е направен врз основа на „Речникот на сленг“ на Грин од 2010. 

Ај што ова може да ги зачини нашите сексуални игри („о маче, дај ми од тоа желето"), туку може да послужи и при размена на пцовки, кои вака ќе станат многу посочни - „Море носи се у три лепе централни канцеларии".

Повеќе на темата тука.

17 август 2013 - 10:42