Англискиот станува сè полежерен

Некои од традиционалните начини на говорење на британскиот англиски изумираат - покажува анализа на повеќе од 100 милиони зборови. Иако студијата се однесува на овој јазик, се обложуваме дека важи и за голем број други, секако и на македонскиот. 

Англискиот станува понеформален во Британија, а некои од традиционалните начини на зборување и пишување се на работ на изумирање. Ова го тврдат истражувачи кои создале „речник на фрекфентно користени зборови“ во британскиот англиски. Тие анализирале повеќе од 100 милиони зборови од секојдневниот говор, од академските кругови, весниците и онлајн платформите. 

На пример, модалните глаголи како „смее“ или „може“ (may/shall) сè поретко се користат. Жаргонското "yeah" (да) е 39-ти најфрекфентен збор, кој се користел 2.767 пати на милиони зборови. Спротивно на ова, поформалното да - yes, е на 150-то место, и четири пати помалку користен.   

Вацлав Брезина, професор по корпусна лингвистика на Универзитетот Ланкaстер, и неговата колешка Дана Габласова минале две години составувајќи книга од 350 страници со 5000 најчесто користени зборови. Трудот влече податоци од корпус на англискиот јазик од 2021, кој пак се составувал седум години. 

Тие исто така заклучиле дека само 2000 зборови сочинуваат четири петини од користениот јазик и дека американската култура, исто како и онлајн жаргонот, го менува начинот на изразување на британската нација. Постои зголемена желба и потреба за јасна и концизна комуникација, без двосмислен говор, што значи без непотребни граматички и правописни компликации. Од една страна, некои сегменти од јазикот се со намалена употреба, но на нивно место се појавуваат нови зборови и изрази, нов начин на спелување и иновaции. 

извор

5 февруари 2024 - 19:02